Антоан Гризман од денес и официјално стана играч на Атлетико Мадрид. Овојпат конечно дојде и крајот на сагата околу Французинот, Барселона одлучи да го продаде назад во таборот на „јорганџиите“.
Досега клубот му ја дозираше минутажата на Гризман, а отсега тоа нема да биде пракса.
Шпанските медиуми споменуваат сума од околу 20 милиони евра, што со десетте кои Атлетико ги плати за позајмицата се значително помалку од сумата која Барса ја даде да го откупи пред три години. Сепак, Гризман не се докажа во Каталонија и се врати на „местото на успехот“. Со клубот од Мадрид овој играч парафира соработка до 2026 година.
За Атлетико досега Гризман одигра 304 официјални натпревари, постигна 144 погодоци и подели 59 асистенции. Се очекува прогрес на формата на францускиот напаѓач, а со тоа и поголема улога и минутажа во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

