Атлетико им се врати на победите во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид им се вратија на победничките патеки откако славеа на домашен терен по пресврт против Мајорка со 2-1 во натпревар од 31. коло во шпанската Ла лига.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со погодокот на Настасиќ во 20. минута. До крајот на првото полувреме домаќините успеаја да израмнат на 1-1 преку Родриго де Паул во судиското надополнување.

Домаќините поведоа со 2-1 со голот на Алваро Мората во 47. минута, додека конечните 3-1 беа дело на Караско во 77. минута од натпреварот. Во вториот меч од денешната понуда Алмерија славеше на гостувањето кај Хетафе со 1-2.

 

Се вчитува...