Атлетико испрати понуда – Горецка доаѓа веќе во јануари

Атлетико Мадрид тргна во офанзива по Леон Горецка, во обид да го осигура потписот на германскиот репрезентативец веќе во јануарскиот преоден рок.

„Јорганџиите“ преговараа со Горецка за летен трансфер како слободен играч по истекот на договорот со Баерн, но заминувањето на Конор Галахер ги промени плановите на Диего Симеоне. Аргентинскиот стратег сега инсистира да му биде доведен нов играч за врска бидејќи на последниот меч речиси и да немаше избор за ваков фудбалер на клупата за резерви. Во ситуација кога Горецка е заинтересиран за трансфер во јули, челниците на Атлетико сега ги интензивираат преговорите за тој да дојде среде сезона и да помогне во овој кризен период.

Баерн би добил отштета од четири милиони евра за овој трансфер, а се чека на одговорот од самиот фудбалер, кој ќе треба да пресече – дали да остане во Баерн и налето како слободен играч да избере нов клуб, или зимава да се пресели во Мадрид.

Се вчитува...