Фудбалерите на Атлетико Мадрид стигнаа до очекувана победа на домашен терен против екипата на Слован Братислава од 3-1 во меч од 6. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Хулијан Алварез во 16. минута, додека до крајот на првиот дел беше и 2-0 со погодокот на Антоан Гризман. Гостите намалија на 2-1 преку Стрелец од пенал во 51. минута, додека конечните 3-1 беа дело на Гризман кој својот втор гол на мечот го постигна во 57. минута.
Atletico de Madrid [3] – 1 Slovan Bratislava – Antoine Griezmann 57'
byu/Dahleb insoccer
Во вториот меч од програмата во 18.45 часот Лил славеше на домашен терен против Штурм со 3-2.
Lille [3]-2 Sturm Graz – Hakon Arnar Haraldsson 81'
byu/MeladroitsTV insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА