Атлетико ќе учествува на Светското клупско првенство, Барселона испадна

И покрај тоа што вчера беше елиминиран од ЛШ, Атлетико Мадрид ќе учествува на ФИФА Светското клупско првенство. За разлика од нив, Барселона испадна од можноста да настапува на ова натпреварување, после елиминацијата од ПСЖ. Навистина е чуден критериумот откако двата тима испаднаа од натпреварување. Атлетико Мадрид ќе ја преставува Шпанија во натпреварувањето заедно со Реал Мадрид.

Засега сигурни учесници се Манчестер Сити, Челси, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Интер, Јувентус, ПСЖ, Порто, Бенфика.

Последниот учесник од Европа ќе се бара меѓу Арсенал и Салцбург. Ако „топчиите“ го минат Баерн Минхен вечерва, тогаш тие ќе бидат учесници на ФИФА Светското клупско првенство.

Се вчитува...