Атлетико Мадрид лесно стигна до триумф на гостувањето против Лас Палмас во 35. коло од Примера, славејќи со убедливи 0-5.
„Петардата“ на Атлетико беше најавена уште во 2. минута кога Гамеиро стрелаше за почетно водство на гостите. Потоа Нигуез погоди во 17. минута, а во 18. минута Гамеиро со својот втор гол зголеми на 0-3.
Las Palmas vs Atletico Madrid 0-3 – All Goals… by marcelinocortese
Во второто полувреме, Томас погоди во 82. минута, а Фернандо Торес во 91. минута ја заокружи „петардата“.
Fernando Torres Goal HD – Las Palmas 0-5… by lifefootball
По оваа победа, Атлетико Мадрид со 71 бод е на третата позиција, три повеќе од четвртопласираната Севилја која на 1. мај гостува на Малага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА