Атлетико Мадрид бара блокада на трансферот на Гризман во Барселона

Атлетико Мадрид испратил официјално барање Ла Лига да го блокира трансферот на Антоан Гризман во Барселона и да ја одземе лиценцата на играчот. Клубот од главниот шпански град го проблематизира трансферот на Гризман во Барселона и бара дополнителни 80 милиони евра. Атлетико тврди дека Французинот се договорил со каталонскиот клуб пред откупната клаузула да биде намалена од 200 на 120 милиони евра.

„Атлетико Мадрид смета дека сумата од 120 милиони евра не е доволна поради тоа што е јасно дека Гризман се договорил со Барселона пред откупната калузула да биде намалена. Потсетуваме дека Гризман соопшти дека ќе го напушти клубот на 14 мај“ – велат од клубот.

Од Ла Лига потврдуваат дека жалбата од Атлетико Мадрид е пристигната и оти во следните денови ќе биде расчистена ситуацијата.

 

 

Се вчитува...