Атлетико Мадрид ќе биде ослабен на гостувањето против Малага претстојниот викенд. Тренерот Диего Симеоне нема да може да смета на услугите на напаѓачот Кевин Гамеиро и на играчот за врска, Нико Гаитан. Гамеиро се врати повреден од националниот тим на Франција, додека Гаитан се мачи со повредата на мускулот одреден период. Надвор од тренажен процес е и голманот Мигел Анхел Моја.
Сепак, не е се така црно за Симеоне, затоа што во ритам се враќаат голманот Јан Облак и дефанзивецот Стефан Савиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА