Атлетико Мадрид одлично ја почна сезоната, со две победи и едно реми во стартните три рунди, но тренерот Диего Симеоне почна да се соочува со сериозни проблеми со составот по серијата повреди на стандардни првотимци.
Пред Атлетико е незгодно гостување на „Месталја“ против Валенсија, а Симеоне за овој натпревар нема да може да смета на пет квалитетни фудбалери. Мемфис Депај ја предводи листата на отсутни играчи, а надвор од тренажен процес се наоѓаат и капитенот Коке и дефанзивците Реинилдо и Сојунчу. Квинтетот повредени го комплетира Родриго де Пол, кој се врати повреден од настапите за аргентинската репрезентација и дефинитивно нема да може да настапи во Валенсија.
Добра вест за Симеоне е што барем Савиќ и Лино тренираа без проблеми во последните два дена, добивајќи зелено светло за настап викендов.
Атлетико по овој меч го очекува премиерата во ЛШ против Лацио, по која следи и големото мадридско дерби со Реал, дуел за кој аргентинскиот стратег очекува камбек на најмалку тројца од петмината повредени првотимци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

