Атлетико Мадрид влезе во нова победничката низа во шпанското првенство совладувајќи го Виљадолид на домашен терен со 4-2 во 31. коло.
Гостите први поведоа на средбата преку Сила кој реализираше пенал во 21. минута од средбата, но водството траеше само четири минути бидејќи Алварез возврати на идентичен начин во 25. минута изедначувајќи на 1-1. Целосниот пресврт стигна само две минути подоцна откако Симеоне го совалда противничкиот голман за 2-1.
Виљадолид изедначи преку Санчез во 56. минута, но гостите немаа сили да се надеваат на бодови на „Метраполитано“. Алварез во 71. минута со нов реализиран пенал го врати Атлетико Мадрид во водство, а победата ја потврди Сорлот во 79. минута.
We keep all 3 points at home
pic.twitter.com/NUOpqtZp2q
— Atlético de Madrid (@atletienglish) April 14, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА