Ателтико Мадрид реагираше на соопштението на УЕФА за поништениот пенал во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ беа елиминирани од Реал Мадрид во осминафиналето на елитното натпреварување по изведување пенали, а веќе два дена бурата не стивнува поради поништениот пенал на Хулијан Алварез поради двоен допир.
Аргентинецот се лизна, двапати ја допре топката при ударот, а самата ситуација предизвика бројни контроверзи, а реагираше и УЕФА. По ова следуваше соопштение од Атлетико Мадрид каде беше искажана доза на фрустрација поради се што се случи на крајот од мадридското дерби.
„Знаеме дека грешката на ВАР никогаш нема да го промени конечниот резултат. Колку и да е јасна грешката, резултатот ќе остане. Но, длабоко жалиме за овој „инцидент“ и неговото влијание врз нас. Ова ги урна надежите на милиони навивачи и ги поткопа извонредните напори на нашиот тим.
И покрај објаснувањето на УЕФА, ние сме фрустрирани бидејќи веруваме дека:
*Топката не беше јасно поместена пред ударот во ниту еден од достапните агли.
*ВАР треба да интервенира само во случаи на јасни и очигледни фаули, а оваа одлука е донесена за само 45 секунди, се вели во соопштението на клупскиот персонал.
Не е во ДНК на Атлетико да бара изговори. Веќе гледаме напред кон нашиот следен предизвик – неделната средба со Барселона“, стои во соопштението на Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА