Сопствениците на Атлетико Мадрид се во финални преговори со американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менаџмент“, кој треба да стане нов мнозински акционер на клубот. „Аполо“ ја проценува вредноста на клубот на 2,5 милијарди евра.
Моменталниот мнозински акционер на клубот е „Атлетико Холдко“, компанија која поседува повеќе од 70% од акциите. Компанијата е првенствено управувана од Мигел Анхел Гил, а другите акционери се американската приватна инвестициска компанија „Арес Менаџмент“ и Енрике Серезо, претседателот на „Атлетико холдко“. Останатите акции на клубот се во сопственост на „Квантум Пацифик“, британска компанија основана од израелскиот тајкун Идан Офер.
„Аполо“, која е котирана на њујоршката берза, управува со средства вредни повеќе од 800 милијарди долари и планира да лансира спортски инвестициски фонд вреден 5 милијарди долари, објави „Фајненшл тајмс“.
Се наведува дека „Аполо“ не разгледува промени во раководството на клубот. Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се во сопственост на навивачи без приватна сопственост, па затоа Атлетико Мадрид треба да стане највредниот приватен клуб во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

