Атлетико Мадрид го казни Антоан Гризман

Атлетико Мадрид одлучи да го казни Антон Гризман откако Французинот не се појави на подготовките на тимот. Атлетико во неделата јавно го повика Гризман да дојде, но сепак 28-годишникот не се појави, поради што клубот  го суспендираше и да го казни со 200,000 евра.

Според правилникот казната која ја доби Гризман е неоправдана бидејќи секој фудбалер има право на 30 дена одмор во текот на летото, а последниот натпревар тој го одигра на 11. јуни за репрезентацијата на Франција.

На крајот на минатата сезона Гризман објави дека заминува од „Ванда метрополитано“ и ќе премине во Барселона. Сепак, Каталонците се уште ја немаат уплатено сумата, а од тимот од главниот град на Шпанија не прифатија сумата да биде исплатена на рати.

Се вчитува...