Португалскиот мегаталент Жоао Феликс е нов фудбалер на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид. Трансферот е вреден 126 милиони евра што е клупски рекорд, а офанзивниот играч за врска потпиша седумгодишен договор.
Жоао Феликс има 19 години и ќе треба да носи голем товар на своите плеќи како нова голема ѕвезда на Атлетико Мадрид, посебно по заминувањето на Антоан Гризман. Тој одигра само една професионална сезона во дресот на Бенфика и веднаш покажа дека поседува екстра квалитет. Постигна 20 гола и забележа 11 асистенции и веќе е стандарден член на фудбалската репрезентација на Португалија. Во родната земја го сметаат за наследник на Кристијано Роналдо.
#PuroTalento pic.twitter.com/ehvuo8YBNI
— Atlético de Madrid (@Atleti) July 3, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА