Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ќе му дозволи на Јаник Караско да си замине од клубот во овој зимски преоден рок. Тренерот Диего Симеоне му соопштил на белгискиот интернационалец дека може да ја промени средината доколку има добра понуда, па дури и да замине на позајмица до крајот на сезоната. Караско посакува да има поголема минутажа за да обезбеди место во составот на Белгија за настап на Светското првенство во Русија, но Симеоне тоа не може да му го вети.
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е сериозно заинтересиран да ја искористи оваа ситуација на Караско и да го доведе на „Енфилд роуд“. Исто така и Рома појавува одреден интерес, но ќе мора побрзо да се реагира затоа што до крајот на зимскиот преоден рок остануваат уште шест дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА