Атлетико Мадрид го „распарчи“ Ваљадолид со петарда (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид барем за момент се искачи на втората позиција на табелата, откако вечерва како гостин лесно мина на гостувањето кај Ваљадолид. Избраниците на Диего Симеоне го покажаа сиот свој потенцијал, и победија со убедливи 0-5.

Победникот беше решен уште по првиот дел, кога „јорганџиите“ имаа предност од 0-3. Ленгле го отвори резултатот во 26. минута, а потоа Алварез во 35. зголеми на 0-2. Тонењето на Ваљадолид беше незапирливо, па само две минути подоцна Де Пол се погрижи за 0-3.

Во вториот дел Гризман само зголеми на четири гола разлика, а потоа Сорлот ја комплетираше „петардата“ во мрежата на домашниот тим.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...