Атлетико Мадрид експресно се опорави од разочарувачката игра и среќното реми со Гранада на стартот, па тимот на Диего Симеоне во импресивен меч го декласираше Лас Палмас во рамките од второто коло на Примера дивизион (1-5).
Дури и без суспендираниот Гризман тимот на Атлетико функционираше беспрекорно, а во прилог на Симеоне одеше и фуриозниот старт, откако неговите избраници за само пет минути поведоа со 0-2 со погодоците на Кореа и на Караско. Домаќините на стартот од вториот дел намалија на 1-2, но со тоа само го налутија Коке, па асот на Атлетико со два еврогола, првиот од дваесетина метри, вториот постигнат со ножички, му ја донесе на мадридскиот клуб првата победа сезонава во Примера.
Во одличното издание на гостите се вклопи и голманот Јан Облак, кој на девет минути до крајот одбрани пенал на Виера, за во самиот финиш Томас да ја запечати победата и трите бода за Атлетико.
Super Goal KOKE Las Palmas 1 – 4 Atletico… by MixxiTV1
Super Goal KOKE Las Palmas 1 – 4 Atletico… by MixxiTV1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА