Фудбалерите на Атлетико Мадрид и дефинитивно се збогуваа од борбата за титулата во домашниот шампионат откако во последниот натпревар од денешната програма на гостински терен загубија од Лас Палмас со минимални 1-0.
Избраниците на Диего Чоло Симеоне одиграа еден многу слаб натпревар во кој не ни успеаја нешто посериозно да го загрозат голот на Лас Палмас, а сето тоа го казнија домаќините со погодокот на Хавиер Муњоз во 95. минута.
Со овој пораз на пет кола до крајот Атлетико Мадрид е веќе на минус десет бодови од водечката Барселона.
Las Palmas 1-0 Atlético Madrid – Javier Munoz 90'+5'
byu/Meladroitdetrela insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА