Атлетико Мадрид и по три кола е без победа во Ла Лига

Разочарувачкиот старт на сезоната на Атлетико Мадрид продолжи и со денешното реми на гостувањето против Алавес, со што тимот на Диего Симеоне по повеќе од една деценија е без триумф во првите три кола од една натпреварувачка сезона.

По поразот од Еспањол и ремито со Елче, „пуланите“ на Симеоне денеска разочараа и во Виторија против Алавес, играјќи само 1-1 на овој меч на кој се очекуваше нивна прва радост сезонава.

Дуелот почна одлично откако Симеоне во раната фаза го доведе Атлетико во водство, Алавес израмни во 14. минута, но тоа неочекувано беше и крај на возбудувањата, и покрај неколкуте шанси гостите не успеаја да постигнат втор гол и мораа да се задоволат само со еден бод.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...