Атлетико Мадрид и со десетмина непоразен во Лондон, убава предност за Олимпик Марсеј

Атлетико Мадрид остана непоразен на гостувањето на „Емирати“, играјќи 1-1 против Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Иако со десетмина играчи играа цели 80 минути, поради исклучувањето на Шиме Врсљако, избраниците на Диего Симеоне, кој исто така беше испратен на трибините, успеаја да стигнат до реми со голот на Антоан Гризман во 82.минута од мечот. Тој искористи една грешка на одбраната на Арсенал и во противнапад ја погоди мрежата на Оспина.

Арсенал имаше доминација на овој меч, со оглед и на предноста од играч повеќе, а поеде со голот на Александре Лаказет во 61.минута од дуелот.


Олимпик Марсеј обезбеди предност од 2-0 против Салцбург во втората полуфинална пресметка од Лигата на Европа. Флориан Товин во 15.минута го доведе францускиот тим во водство, а во вториот дел и Клинтон Н’јие се запиша меѓу стрелците за убава предност пред реваншот во Австрија.

Се вчитува...