Атлетико Мадрид и Вилјареал ги поделија бодовите

Атлетико Мадрид влезе во серија без победа откако ремизираше со 1-1 против Вилјареал во 21. коло одново испуштајќи значајни бодови во битката за лидерската позиција во Ла Лига.

Морено од пенал во 29. минута донесе предност за гостите, а Лино во 58. минута стрелаше за конечните 1-1.

Со нив Атлетико Мадрид испушти можност да се врати на врвот на табелата, додека Вилјареал го забележа 34 бод во сезоната со кој останува на петтата позиција.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...