Атлетико Мадрид ја најде замената за Трипиер

Киран Трипиер оваа зима стана првото засилување за мега-проектот на Њукасл и остави празно место на бековската позиција во Атлетико Мадрид. Како опција замена на Англичанецот се споменуваа повеќе имаа, но изборот падна на Даниел Вас кој се очекува во следните денови да го официјализира трансферот.

Данецот на „Ванда Метраполитано“ ќе се пресели од Валенсија во трансфер вреден 2.5 милиони евра и ќе биде верен на „јорганџиите“ до јуни 2023 година. Со 32-годишниот Вас, мадридскиот клуб добива искусен играч за борбата на два фронта до крајот на сезоната.

Се вчитува...