Атлетико Мадрид ја продолжи очајната низа порази: Понижени и во Севилја (ВИДЕО)

Севилја успеа да го скроти Атлетико Мадрид победувајќи со 2-1 во 31. коло од Ла Лига.

На дуелот пред своите навивачи, Севилја победата ја најавува уште во 10. минута со голот на Адамс.

Иако, гостите израмнија со погодокот на Бонар во 35. минута, сепак уште пред полувремето домашните повторно дојдоа до предност со голот на Гудељ во 45. минута, што се покажа на крај и доволен за конечна победа од 2-1.

Со овај пораз продолжува негативната низа на „јорганџиите“ кои го запишаа и третиот едноподруго пораз во Ла Лига.

Се вчитува...