Атлетико Мадрид е на прагот да оствари одличен трансфер, финиширајќи ги преговорите за ангажман на Алекс Витсел. Белгискиот репрезентативец последниот ангажман го имаше во Борусија Дортмунд, не се договори за нов договор со „милионерите“, по што Витсел сега е многу блиску до потпис со Атлетико Мадрид.
Интерес за услугите на 33-годишникот покажал и Олимпик Марсеј, но преговорите не се одвивале во најдобар можен ред, па овој трансфер нема да се реализира. Тоа го искористиле челниците на Атлетико, кои начелно ги договориле клучните детали, па сега остануваат само ситници за да дојде до потпис на договорот.
Претходно играчот од средниот ред ги бранеше боите на Стандард Лиеж, Бенфика, Зенит и кинески Тијанжун пред враќањето во Европа во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

