Атлетико Мадрид лесно ја реши Џирона (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид дојде до победа од 0-3 на гостувањето против Џирона во 17.коло од Ла Лига.

„Јорганџиите“ сосема заслужено стигнаа до трите бода доаѓајќи повторно на третата позиција на табелата,со два гола постигнати уште во првото полувреме најавувајќи го триумфот.

Најпрво Коке погоди во 13.  минута, а Галагер го постигна вториот погодок во 38. минута. Гризман буквално во последните секунди ги постави конечните 0-3.


Се вчитува...