Атлетико Мадрид му ја исполни желбата на Диего Симеоне

Атлетико Мадрид стигна до големо засилување на последниот ден од зимскиот преоден рок ангажирајќи го Адемола Лукман.

Нигериецот во клубот од главниот град на Шпанија пристигнува од Аталанта во трансфер вреден 35 милиони евра со можност истиот да биде дополнет со пет милиони евра по исполнети бонуси.

Покрај за италијанскиот клуб, Лукман кој беше голема желба на тренерот Диего Симеоне во текот на кариерата настапуваше и за Чарлтон, Евертон, Лајпциг, Фулам и Лестер.

Се вчитува...