Вечерва во 21 часот, Арсенал е домаќин на Атлетико Мадрид во едно од дерби натпреварите од третото коло на Лигата на шампионите, но пред натпреварот, според шпанските медиуми, изби голема афера.
Атлетико тренираше на „Емирати“ еден ден пред натпреварот. По тренингот, играчите на гостите ги пречека непријатно изненадување.
„Немаше топла вода во нивната соблекувална, како и во другите соблекувални на „Емирати“, па играчите на Атлетико, испотени и валкани, отидоа во автобусот, кој ги однесе во хотелот. Конечно се истушираа таму. Играчите се огорчени и клубот веќе официјално поднесе жалба до УЕФА поради инцидентот на „Емирати““, пренесуваат шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

