Атлетико Мадрид одново испушти шанса да се искачи на врвот на табелата во Ла Лига откако во 24. коло ремизираше на домашен терен против Селта Виго.
Отежнувачка околност за избраниците на Диего Симеоне несомнено беше црвениот картон на Бариос во 5. минута од средбата па без негова помош домаќините се спасуваа и од пораз. Во 68. минута Аспас од пенал донесе преднсот за Селта Виго, но за бодови да останат на „Ванда Метрополитано“ се погрижи Сорлот со гол во 82. минута.
Атлетико Мадрид останува на бод негатива од лидерот на табелата Реал Мадрид, додека Селта Виго стигна до 29. бод во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

