Атлетико Мадрид со фантастичен камбек стигна до третата победа во „Ла Лига“, со што тимот на Диего Симеоне остана единствен со максимален по првите три кола од новата сезона. Еибар имаше предност од 0-2 по првите дваесетина минути игра на „Ванда Метрополитано“, но „јорганџиите“ покажаа дека никогаш не смеат да бидат отпишани бидејќи поседуваат шампионски карактер.
Диего Коста го проигра Жоао Феликс за неговиот прв гол во дресот на Атлетико, а на самиот почеток од второто полувреме на 2-2 израмни Витоло. Атлетико го контролираше мечот, не создаваше премногу шанси, но на крајот го комплетираше пресвртот во судиското продолжение.
Улогата на херој му припадна на „резервистот“ Томас Парти, кој шест минути по влегувањето во игра на местото на Жоао Феликс го матираше гостинскиот голман Дмитровиќ за огромна радост на мадридските фанови на „Ванда“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА