Атлетико Мадрид продолжува со летниот шопинг откако шпанскиот гигант успеа да договори уште еден трансфер, и тоа од редовите на италијанскиот првак Наполи.
Џакомо Распадори ќе биде нов адут на Диего Симеоне почнувајќи од оваа сезона откако италијанскиот репрезентативец ги договори личните услови, по што Атлетико неочекувано брзо се договори и со Наполи за овој трансфер. „Наполитанците“ прават мини-ремонт во нападот, што беше причина Де Лаурентис да даде зелено светло за заминување на Распадори.
Атлетико ќе плати загарантирани 22 милиони евра за новиот напаѓач, а со клаузулите вкупната сума на овој трансфер може да достигне до 26 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

