Диего Симеоне се соочува со нов сериозен проблем откако Антоан Гризман заработи повреда на денешниот тренинг на Атлетико Мадрид.
Деталните лекарски прегледи покажаа проблем со мускулот на ногата кој не е премногу сериозен, но францускиот ас сепак ќе отсуствува најмалку три седмици.
Ова значи дека Гризман, кој е втор најдобар стрелец на Атлетико сезонава, дефинитивно ќе го пропушти дуелот со Бодо Глимт во последното коло од ЛШ, како и неколку важни средби од Примера дивизион почнувајќи од домашниот дуел со Мајорка закажан за викендов.
Атлетико Мадрид моментно се наоѓа на четвртото место на табелата во Ла Лига, со осум бода заостанување зад водечката Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

