Атлетико Мадрид „пазари“ од Сампдорија, и тоа за 40 милиони евра!

Сампдорија има одличен старт на сезоната во Серија А, а голем дел од заслугите за тоа одат и на адреса на играчот за врска, Лукас Тореира. Уругваецот игра фантастично во дресот на Самп, а тоа го дозна и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. И веднаш реагираше, па понуди 40 милиони евра за да го ангажира во зимскиот преоден рок. Доколку Сампдорија се сложи да го продаде, ќе биде тоа рекорден трансфер за овој клуб, кој претходно го продаде и Патрик Шик во Рома за 32 милиони евра.

Лукас Тореира на „чизмата“ веќе го споредуваат со италијанскиот репрезентативец Марко Верати од редовите на ПСЖ. Има неверојатен преглед на играта и умее да додаде во вистински момент. Тој е главен креатор на играта на Сампдорија, и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

 

Се вчитува...