Шпанскиот великан Атлетико Мадрид постхумно му оддаде признание на починатиот српски стратег, Радомир Антиќ. Антиќ кој почина на 6. април минатата година остана во најдобро можно сеќавање на секој фан на тимот од главниот град на Шпанија поради двојната круна во сезоната 1995/1996.
На церемонијата на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, семејството на Антиќ доби сребрена значка за лојалност. Признанието „душекчиите“ му го доделија на семејството на Антиќ точно 25 години по големиот успех.
Радомир Антиќ беше на чело на Атлетико Мадрид на 189 натпревари и е единствен тренер кој покрај Атлетико Мадрид во кариерата ги има водено и Реал Мадрид и Барселона.
Los familiares de Radomir Antic recibieron la insignia de Plata que el club otorgó a nuestro mítico entrenador a título póstumo.
Su recuerdo permanecerá siempre en nuestros corazones.
➡ https://t.co/qoCRIZOt5s pic.twitter.com/Ed2hWzAzAU
— ❤️🤍🏆 CAMPEONES 🏆❤️🤍 (@Atleti) June 24, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА