Атлетико Мадрид се „сопна“ во Билбао

Атлетик Билбао во последните седмици лесно загуби и од Барселона и од Реал Мадрид, но клубот од Баскија се погрижи тоа да не биде случај и на вечерашниот со Атлетико Мадрид, земајќи го скалпот на тимот на Диего Симеоне со минимална победа од 1-0.

Очекувано, дуелот не изобилуваше со премногу шанси, а клучна се покажа 85. минута кога Беренгер мајсторски стрелаше од работ на шеснаесетникот, сместувајќи ја топката во мрежата на Јан Облак.

За Атлетико Мадрид ова беше трети овосезонски пораз, по што тимот на Симеоне сега заостанува девет бода зад Барселона.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...