Атлетико Мадрид секој ден со ново засилување

Диего Симеоне и челниците на Атлетико Мадрид како да се решени да се вратат во борбата за титулата во наредната сезона, па сериозно инвестираат во засилување на играчкиот кадар. „Црвено-белите“ од Мадрид синоќа го претставија своето шесто засилување сезонава, комплетирајќи го трансферот на Давид Ханко од Феенорд.

Станува збор за играч кого Симеоне го бараше уште минатото лето, но тогаш не можеше да биде најден заеднички јазик со холандскиот гигант. Ситуацијата во меѓувреме се промени, Ханко беше блиску до преселба во Јувентус, потоа во трката со мегапонуда се вклучи и Ал Наср, но челниците на Атлетико на крајот успеаја да постигнат целосенд говор и со Феенорд и со самиот фудбалер, со што овој трансфер беше комплетиран.

Ханко ќе потпише петгодишен договор со Атлетико, а мадридскиот клуб ќе плати 30 милиони евра за словачкиот централен дефанзивец.

Тој е шесто засилување на Атлетико летово, откако претходно беа комлетирани трансферите на Алекс Баена, Матео Рутеги, Тијаго Алмада, Џони Кардозо и Марк Пубил.

Се вчитува...