Атлетико Мадрид со минимална победа над Осасуна (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа со 1-0 на домашен терен против Осасуна во последниот натпревар од денешната програма од 9. коло во шпанската Ла лига.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 преку Баена во 9. минута, но неговиот погодок беше поништен со ВАР поради офсајд, одлука која во најмала рака беше сомнителна. Сепак, јорганџиите стигнаа до победа откако младиот Тијаго Алмада стрелаше за 1-0 во 69. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...