Атлетико Мадрид очекувано се пласираше во следната фаза од разигрувањето за титула во Копа дел Реј откако на гостински терен славеше со 0-5 против нисколигашот Рајо Мајадахонда.
Голеадата започна во 17. минута по голот на Куна, а до полувремето мрежата ја тресеа и Лови во 26. минута и Суарез во 41. минута. Во второто полувреме продолжи доминацијата на гостите, а Гризман во 67. минута и Феликс во 79. минута го поставија конечниот резултат.
Copa del Rey last 16 here we come! 🔴⚪ pic.twitter.com/BysgclGxje
— Atlético de Madrid (@atletienglish) January 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

