Атлетико Мадрид со пресврт го победи Леганес (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со пресврт славеше со 3-1 на натпреварот против Леганес во 10. коло од шпанската Ла Лига.

На тој начин продолжува во трката со Барселона и Реал Мадрид за водечките две позиции на табелата во шпанскиот шампионат.

Леганес ги изненади „јорганџиите“ со погодокот на Нејоу во 34. минута од средбата.

Но, во второто полувреме целосен пресврт. Сорлот во 69.минута израмни на 1-1, а Гризман во 81.минута донесе 2-1, а Сорлот со својот втор гол заокружи на 3-1.

Се вчитува...