Атлетико Мадрид одигра далеку под очекувањето, ремизирајќи без голови на гостувањето против Алавес во 20. коло од шпанската Примера.
„Јорганџиите“ беа во голема мера во подредена улога на дуелот, а во 89. минута Моја и спасуваше по одличната шанса која ја имаше Тео Хернандез. Претходно, Алавес пропушти можности да стигне до погодок и преку Виктор Камарас кој имаше 100% шанса во 51. минута.
Ова е второ едноподруго реми за Атлетико Мадрид, кој сега со 36 бода на четвртата позиција заостанува зад водечката тројка Реал Мадрид, Севилја и Барселона. Алавес, пак, со 24 бода е на 12. место на првенствената табела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА