Атлетико Мадрид лесно излезе на крај со „фенерџијата“ Осасуна, славејќи со 3-0 на „Висенте Калдерон“. Со 65 бода „јорганџиите“ се наоѓаат на третата позиција на табелата која води директно во Лигата на шампионите следната сезона.
Јаник Караско во 30.минута го проби бункерот на Осасуна, а потоа беше полесно за домашните фудбалери. Тренерот Диего Симеоне реши да го одмори Гризман, но тоа го искористи Караско кој постигна и втор гол во 47.минута. Филипе Луис беше стрелец на третиот гол за Атлетико Мадрид во 61.минута, а интересно беше во завршницата, кога Караско и Томас не успеаја да реализираат два пенали за домашниот тим.
Голманот на Осасуна, Салваторе Сиригу, ги одбрани ударите и на Караско и на Томас.
Atletico Madrid vs Osasuna 3-0 All Goals and… by try-akatsuki
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА