Атлетико Мадрид влезе во игра за потписот на Мората

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид се вклучи во трката за Алваро Мората. Тој е пред заминување од Челси, а најавите беа дека ќе се пресели во Севилја како позајмен играч. Но, преговорите се искомпликуваа, а сега во трка за потписот на Мората влезе и Атлетико Мадрид.

Двата клуба имаат одлична соработка во минатото и многу реализирани трансфери, Филипе Луис, Диего Коста, Тибо Куртоа… Мората би дошол на шестмесечна позајмица, со опција а комплетно откупување на договорот. Претходно, Мората го носеше дресот на Реал Мадрид и сигурно дека ваков развој на настаните ќе предизвика бура во шпанската престолнина.

 

Се вчитува...