Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го посакува Мауро Икарди, напаѓачот на Интер, како наследник на Антоан Гризман во навалната линија на составот на Диего Симеоне. Французинот јавно објави дека ќе си замине по завршувањето на сезоната, најверојатно во Барселона, а за него Атлетико Мадрид ќе инкасира најмалку 120 милиони евра. Оваа сума треба да биде инвестирана во нов одличен голгетер, а Симеоне смета дека тоа треба да биде неговиот сонародник Мауро Икарди.
Тој имаше многу проблеми во Интер оваа сезона, недоразбирање со раководството околу потпишување на нов договор и најверојатно ќе си замине од „Џузепе Меаца“. Атлетико Мадрид сака тоа да го искористи и да го доведе на „Ванда Метрополитано“. Сепак, ќе има жестока конкуренција во Реал Мадрид, Јувентус, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА