Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид би сакал да го има во своите редови италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње. Напаѓачот на Наполи најави можност за заминување од Неапол ова лето, а тренерот Диего Симеоне сака да го доведе на „Ванда Метрополитано“. Подготвена е и понуда според која Атлетико Мадрид би платил 40 милиони евра, а шпанскиот клуб би го испратил и португалскиот интернационалец Желсон Мартинс во Наполи.
Мартинс оваа сезона игра како позајмен играч во Монако, но тој е под договор со Атлетико Мадрид и лесно може да се случи да се пресели во Италија како дел од овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА