Атлетико Мадрид во свој стил до три бода против Еибар

Атлетико Мадрид во свој стил стигна до трите бода против Еибар, совладувајќи ги нагости со 0-1 во 33. коло во шпанската Ла лига. Поголемиот дел од натпреварот беше во ритамот на тимот од „Ванда метрополитано“ спорт натпревар, без многу шанси и убав фудбал.

Трите бода на тимот на Диего Симеонe, ги донесе Французинот Томас Лемар со погодок во 85. минута на асистенција на Коке. Со победата „јорганџиите“ ја намалија предноста на Барселона на шест бода на првенствената табела, но „каталонците“ својот меч од 33. коло ќе го играат вечер против Реал Сосиедад на „Камп ноу“ со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...