Во натпревар кој немаше резултатско значење Атлетико Мадрид загуби од Еспањол нагости со 2-0 во 36. коло во Ла лига. Домаќините до водство стигнаа со автоголот на Диего Годин во судиското продолжение во првото полувреме. Во вториот дел продолжи доминацијата на тимот од Барселона. На 2-0 зголеми Борха Иглезиас, а конечните 3-0 ги постави истиот фудбалер со гол од пенал во 89. минута .
Атлетико Мадрид е сигурен на втората позиција на првенствената табела, а Еспањол во моментов е осми, но со минимални шанси за освојување на седмата позиција која следната година води во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА