Еден од најголемите легенди на Атлетико Мадрид Енрике Кољар, почина на 91-годишна возраст. Овој фудбалер освои титула во Ла Лига, три Купа и еден КПК на УЕФА, а беше капитен на тимот десет години, од 1960 година, или повеќе од било кој друг капитен во историјата на клубот.
Кољар играше како лево крило, и одигра 470 натпревари за Атлетико, постигна 105 гола. Играше за „јорганџиите“ од 1953 до 1969 година.
Роден е на 2. ноември 1934 година во Севиља, Кољар почнал во Империјал Севиља, а потоа во 1949 година се приклучува на младите категории на Атлетико. Во 1952 година го освојува младинското првенство, а истата година го потпишува својот прв професионален договор со Атлетико.
Првата сезона беше позајмен во Мурсија каде што постигна седум гола во 11 меча. Потоа се вратил во Атлетико, и почнал да игра за овој тим, за кој одигра 15 импресивни сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

