Атлетико мораше трипати да води за да стигне до три бода против Сосиедад (ВИДЕО)

Три бода за Атлетико Мадрид во дуелот со Реал Сосиедад. На крајот четата на Диего Симеоне славеше со 3-2, дури по третото водство во 81. минута од средбата.

Сорлот уште во 5. минута на асистенција на Хименез успеа да донесе предност за домашните. На 1:1 израмни Карлос Солер во деветата минута.

Нико Гонзалез погоди на асистенција на Гризман во 67. минута од мечот. Сепак, радоста траеше една минута, откако Ојарзабал донесе второ израмнување.

Гонзалез во 81. минута донесе и трета предност, од која Сосиедад не успеа да се врати.

Се вчитува...