Атлетико на крилјата на Гризман го реши Ваљадолид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид дојде до својата деветта победа во 18. коло од Ла Лига, триумфирајќи лесно и убедливо со 3-0 на домашен терен против Ваљадолид. И сето тоа на крилјата на францускиот репрезентативец Антоан Гризман.

Уште во 18. минута од средбата Гризман асистираше за Мората кој донесе водство од 1-0.

Веќе во 23. минута и самиот Гризман се запиша во листата на стрелците, а потоа во 28. минута убаво изведен негов слободен удар за потоа погодок и на Хермосо за 3-0.

Атлетико Мадрид по оваа победа е на четвртата позиција на табелата со 31 бод, десет помалку од лидерот Барселона.

Се вчитува...