Екипата на Атлетико Мадрид во вклучи дефанзивецот на Манчестер Сити, Натан Аке на својата листа на желби за зимскиот преоден рок. Холандскиот репрезентативец ја изгуби својата водечка улога оваа сезона, стартирајќи само еднаш и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, и тоа е знак дека ќе си замине во потрага по голема минутажа.
Минатиот месец, селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман, изјави дека дефанзивецот е незадоволен од ограниченото време за играње под водство на Пеп Гвардиола, а селекторот го предупреди Аке дека ризикува да го изгуби местото на Светското првенство доколку не игра редовно.
Атлетико бара нов лев бек за во јануари, и според шпанските медиуми Симеоне е максимално насочен кон играчи кои немаат минутажа во своите тимови, и сакаат да учествуваат на идниот Мундијал. А, токму Аке е еден од тие. Предноста за Холанѓанецот е покрај тоа што игра како лев бек, може да биде во комбинација и за централен играч во одбраната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

