Атлетико не заврши со „шопингот“ во Лондон: Цезар Аспиликуета е новата цел

Атлетико Мадрид по трансферот на Диего Коста ќе се обиде да се засили со уште еден фудбалер од редовите на англискиот шампион Челси. Новата мета е привремениот капитен на „сините“ Цезар Аспиликуета, за кого „јорганџиите“ нудат 20 милиони евра.

Идејата за овој потег доаѓа од самиот повратник во шпанскиот клуб и поранешен соиграч на Аспиликуета, Коста е човекот кој им препорачал на одговорните луѓе во Атлетико да го доведат дефанзивецот на Челси. Според него, купувањето на Аспиликуета ќе ги зголеми квалитетите на Атлетико во одбраната, и покрај тоа што Симеоне располага со Диего Годин и Хосе Марија Хименес во одбраната.

28-годишниот шпански репрезентаттивец одлично се снаоѓа во улогата на централен одбранбен веќе втора сезона под водство на Конте, Аспиликуета е вистински столб во последната линија на Челси, особено што игра константно на високо ниво и речиси и да не пропушта натпревар. Во шампионската сезона Конте ниту еднаш не го одмори, додека оваа сезона Аспиликуета не настапи само против Свонси.

 

Се вчитува...